Добредојдовте во Еклектик - вашата прилика за успешна кариера!
Нашата компанија е специјализирана за работа на американскиот пазар. Нудиме висококвалитетни услуги за распределба на камиони, нивно диспечирање, акаунтинг, безбедност и регрутирање, со голема посветеност и постојани иновации.
Ви нудиме уникатна можност да се приклучите на нашиот динамичен тим. Доколку сте високо мотивирани, имате соодветно искуство и барате предизвици, тогаш сте на правото место. Ние ги вреднуваме и наградуваме талентираните и посветените професионалци.
Координирање на камиони, обезбедување на точни рути и ефикасна комуникација со возачите. Вашата одговорност за успешен транспорт.
Акаунтинг
Прецизен и ефикасен акоунтинг за транспортната индустрија. Детално пратење на трошоците и точно фактурирање за финансиски успех.
Безбедност
Гаранција за безбедност и сигурност во компанијата. Превенција на ризици, набљудување на сигнали и одговорни мерки.
Регрутирање
Привлекување и избор на најквалитетни кандидати. Иновативни рекрутинг стратегии за ангажирање на талентирани луѓе.
Растете со нас: Нашите работни позиции
Секоја работна позиција претставува прилика за раст и напредок во Вашиот професионален пат. Ние го поддржуваме и го вреднуваме Вашиот личен и професионален развој.
Бидете дел од нашата екипа, составена од иновативни и посветени луѓе кои се стремат кон врвни резултати.
Нашиот тим бара луѓе со желба за учење и развој во транспортната индустријата. Ги поддржуваме нашите вработени да се развиваат и да ги стекнат потребните вештини и знаења.